Празничен промо депозит од ПроКредит банка - повеќе добивка за одличен старт на 2026

Празничен промо депозит од ПроКредит банка - повеќе добивка за одличен старт на 2026

ПроКредит банка го означува крајот на годината со исклучително атрактивна понуда - празничен промо депозит, дизајниран за сите што сакаат сигурна и исплатлива заштеда.

Каматните стапки за празничниот промо депозит изнесуваат:

• 3,2 % фиксна каматна стапка за депозити во денари со рок на орочување од 13 месеци.
• 2,5 % фиксна каматна стапка за депозити во евра со рок на орочување од 25 месеци – услов кој ја издвојува оваа понуда како една од најповолните на пазарот за крајот на годината.

Празничната понуда носи повеќе вредност за парите на секој клиент – независно колку вложува. Промотивниот депозит ви дава одлична можност да орочите износ од минимум 100 евра (во денари или евра) и да обезбедите сигурен, редовен приход во следните 13 или 25 месеци.

Каматата се исплаќа на месечно ниво, овозможувајќи редовен, предвидлив и стабилен приход.

Овој празничен депозит е сигурно, транспарентно и целосно предвидливо решение за дополнителен месечен приход. Со фиксни каматни стапки и однапред дефинирани услови, вашата добивка е јасна уште од првиот ден, а средствата се орочени во стабилна и доверлива банка со германски капитал.

Со повеќе од 20 години присуство на македонскиот пазар, ПроКредит банка останува посветена на развојот на културата на штедење и на создавање практични решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите – доказ за тоа е долгогодишната доверба и широката база на задоволни штедачи.

Понудата за празничниот промо депозит важи од 5.12.2025 до 15.1.2026.

Започнете ја својата празнична заштеда и обезбедете стабилен приход под навистина конкурентни услови. Дознајте повеќе за празничната понуда на ПроКредит банка и искористете ја уште денес.

(Комерцијална објава)