Кои се најпрофитабилните спортски тимови во 2026 година

Кои се најпрофитабилните спортски тимови во 2026 година

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Триесет години по ред Далас каубојс ќе бидат дома на денот на Супербоул. Но, дури и кога победите на теренот се ретки, сопственикот Џери Џонс продолжува да го намалува финансискиот успех.

Каубојс, највредниот спортски тим во светот со 13 милијарди долари, е исто така и најпрофитабилната франшиза, со проценета оперативна добивка од 629 милиони долари минатата сезона. Овој резултат го става тимот за повеќе од 200 милиони долари пред Голден стејт вориорс од НБА, кој се рангира на второто место по профитабилност со проценети 409 милиони долари минатата сезона. И речиси 400 милиони долари пред кој било друг тим.

Всушност, меѓу 211 франшизи оценети од „Форбс“ во 2025 година во 13 лиги, само 28 генерирале повеќе приходи од оперативната добивка на Каубојс.

Висок раст на профитот

Заедно, 20. најпрофитабилни тимови во светот генерираа 4,5 милијарди долари, или просечно 226 милиони долари. Тоа е зголемување од 16 % во споредба со претходната година кога сумата изнесуваше 3,9 милијарди долари, или 195 милиони долари по тим. Уште еднаш, НФЛ води со седум рангирани франшизи, додека НБА со шест. Но, распределбата е поблиска отколку минатата година, кога листата од 20 тима имаше девет од НФЛ и пет од НБА. НХЛ и Премиер лигата, пак, имаат по три претставници оваа година, додека Формула 1 се појавува со еден тим.

Пред неколку децении не се очекуваше спортските франшизи да бидат профитабилни. Сопствениците обично заработуваа пари кога одлучуваа да ги продадат своите акции. Дури и денес профитабилноста не е загарантирана.

Меѓу 185. машки спортски тимови оценети од „Форбс“ во 2025 година, 37 работеа со загуба. Вклучувајќи 16 клуба од МЛС и 11 од МЛБ. На пример, Њујорк метс изгуби неверојатни 268 милиони долари во 2024 година, главно поради големите казни за данок на луксуз што ги наметна лигата.


Приходите од ТВ-права гарантираат профитабилност

Сепак, очекувањата на инвеститорите се менуваат. Тимовите генерираат значително повеќе приходи од спонзорства и премиум седишта. Со зголемувањето на националните медиумски права тие можат да сметаат на многу попрофитабилна дистрибуција од нивните лиги. На пример, во НФЛ - каде што просечниот приход по тим беше 662 милиони долари, што е зголемување од 91 % во последната деценија според „Форбс“ - секоја франшиза доби околу 443 милиони долари од лигата минатата сезона.

Со таква финансиска сигурност, тимовите од НФЛ речиси гарантирано ќе бидат профитабилни. Ниту една франшиза не остварила помалку од 21 милион долари оперативен профит во 2024 година, со просек од 127 милиони долари. Во НБА, каде што приходите по клуб надминаа 416 милиони долари минатата сезона и само два тима беа во минус, просечниот оперативен профит беше 113 милиони долари

Ограничувањето на трошоците помага

Формула 1 е во процес на слична трансформација според ограничувањето на трошоците воведено во 2021 година, за да се изедначат шансите на тимовите. Трошоците се ограничени во многу области поврзани со дизајнот и развојот на автомобилите. Благодарение на тоа, Мерцедес генерира 227 милиони долари во 2024 година. Тоа го рангира на петто место меѓу сите спортски тимови. Спротивно на тоа, недостигот на контрола на трошоците во европскиот фудбал значи дека дури и врвните клубови можат да претрпат значителни загуби, бидејќи ПСЖ оствари проценета загуба од 111 милиони долари во сезоната 2023/2024.

Само еден сопственик контролира две од 20. најпрофитабилни франшизи. Стен Кронке, кој е сопственик на НФЛ тимот Лос Анџелес ремс и Арсенал од Премиер лигата. Сепак, со 417 милиони долари, комбинираната оперативна добивка на двата тима е повеќе од 200 милиони долари помала од онаа на Каубојс.

Најпрофитабилните спортски тимови

-Далас каубојс: оперативна добивка 629 милиони долари (лига НФЛ, вредност 13 милијарди долари)
-Голден стејт вориорс: оперативна добивка 409 милиони долари (лига НБА, вредност 11 милијарди долари)
-Едмонтон ојлерс: оперативна добивка 244 милиони долари (лига НХЛ, вредност 3,2 милијарди долари)
-Лос Анџелес ремс: оперативна добивка 244 милиони долари (лига НФЛ, вредност 10,5 милијарди долари-
-Мерцедес 227 милиони долари (Формула 1, 6 милијарди долари)
-Њу Ингланд патриотс: оперативна добивка 222 милиони долари (лига НФЛ, вредност 9 милијарди долари)
-Атланта Хокс: оперативна добивка 203 милиони долари (лига НБА, вредност 5 милијарди долари)
-Филаделфија Севенти-сиксерс: оперативна добивка 203 милиони долари (лига НБА, вредност 5,45 милијарди долари)
-Хјустон рокетс: оперативна добивка 191 милион долари (лига НБА, вредност 5,9 милијарди долари)
-Торонто Мејпл лифс: оперативна добивка 191 милион долари (лига НХЛ, вредност 4,4 милијарди долари)
-Манчестер јунајтед: оперативна добивка 185 милиони долари (лига Премиер лига, вредност 6,6 милијарди долари)
-Тотенхем хотспур: оперативна добивка 184 милиони долари (лига Премиер лига, вредност 3,3 милијарди долари)
-Њујорк ренџерс: оперативна добивка 182 милиони долари (лига НХЛ, вредност 4 милијарди долари)
-Њујорк џајантс: оперативна добивка 181 милион долари (лига НФЛ, вредност 10,1 милијарди долари)
-Њујорк џетс: оперативна добивка 180 милиони долари (лига НФЛ, вредност 8,1 милијарди долари)
-Лас Вегас рејдерс: оперативна добивка 179 милиони долари (лига НФЛ, вредност 7,7 милијарди долари)
-Арсенал: оперативна добивка 173 милиони долари (лига Премиер лига, вредност 3,4 милијарди долари)
-Лос Анџелес лејкерс: оперативна добивка 170 милиони долари (лига НБА, вредност 10 милијарди долари
-Чикаго булс: оперативна добивка 160 милиони долари (лига НБА, вредност 6 милијарди долари)

-Хјустон Тексас: оперативна добивка 156 милиони долари (лига НФЛ, вредност 7,4 милијарди долари).

Извор: forbes.n1info.rs

Фото: Freepik