Океаните апсорбирале повеќе топлина во 2025 отколку во која било друга година

Океаните апсорбирале повеќе топлина во 2025 отколку во која било друга година

Подготвил: Билјана Спиркоска

Лектор: Ивана Кузманоска

Океаните стануваат сè потопли. Според ново истражување од меѓународни научници, објавено во „Адвансес ин атмосферик сајенсес“, океаните зачувале повеќе топлина во 2025 отколку во која било друга година за која има податоци.

Во 2025 година горните 2.000 метри од океаните апсорбирале рекордни 23 зетаџули повеќе енергија отколку во 2024 година. Оваа количина е околу 37 пати повеќе од светската енергетска потрошувачка во 2023 година, според научниците во американската Националната океанска и атмосферска администрација, Институтот за атмосферска физика при Кинеската академија на науките и Морската служба „Коперник“ на ЕУ.



Просечните температури на морската површина, клучна мерка која може да влијае врз временските шеми, биле третите највисоки некогаш биле забележани - околу 0,5 Целзиусови степени над просекот од 1981 до 2010 година. Овие високи површински температури се фактор за општата годишна површинска температура на Земјата, а 2025 се очекува да биде втората или третата најжешка забележана година.

Океаните се како климатска верзија на музичко студио со звучна изолација - тие апсорбираат околу 90 отсто од вишокот топлина фатена од зголемените нивоа на стакленички гасови во атмосферата. Потоплите океани придонесуваат за зголемување на нивото на морето, ги нарушуваат нежните морски екосистеми и ги разгоруваат екстремните временски услови. Без итна акција за соочување со климатската криза, научниците предупредуваат дека океаните ќе стануваат сè потопли.

Извор: Scientific American
Насловна фотографија: Freepik