Пронајдени фосили од желка со големина на автомобил

Пронајдени фосили од желка со големина на автомобил

Во Јужна Америка уште се откриваат фосили од желки со големина на автомобил. Новите се пронајдени во пустината Татакоа во Колумбија и областа Урмако од Венецуела.

Желката stupendemys geographicus, како што се претпоставува, живеела во областа пред 7 до 13 милиони години. Првите фосили од ваква желка се пронајдени во 70-тите години, но овие животни сè уште се мистерија за научниците.

Долги се четири метри, односно биле големи и тешки колку еден просечен автомобил и ги населувале мочуришните предели низ Јужна Америка, пред да се создадат реките Амазон и Ориноко.

Денешните џиновски желки, за споредба, растат до 1,5 метар во должина.

Мажјаците имале издолжен преден дел од оклопот, во облик на рог, а длабоките лузни на фосилите укажуваат дека тие биле користени како одбрана против противниците. Желките живееле на дното на езерата и реките, заедно со џиновските крокодили, а се хранеле со помали животни, растенија, овошје и семиња.

Нивната големина била клучна во одбраната против другите грабливци. Во еден од пронајдените фосили има заглавен скршен заб од крокодил.

Извор: МИА