Плаќаат 5.000 евра за 10 дена лежење: Француски институт бара доброволци за „вселенски“ експеримент

Плаќаат 5.000 евра за 10 дена лежење: Француски институт бара доброволци за „вселенски“ експеримент

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Институтот за вселенска медицина и физиологија „Медес“ во Тулуз бара 10 здрави мажи за истражување што симулира бестежинска состојба во вселената. Од волонтерите ќе се бара да лежат 10 дена, а за тоа ќе добијат надомест од 5.000 евра.

Избраните учесници ќе поминат 10 дена во благо накосена положба, практично врзани за кревет, внесувајќи само 250 калории дневно,

Кандидатите мора да бидат мажи на возраст меѓу 20 и 40 години, да се занимаваат со спорт и да имаат одлична здравствена состојба.

- Експериментот е планиран да започне во јуни и има цел да го проучи влијанието на нултата гравитација врз човечкиот метаболизам и исхраната, што е клучно за идни подолги вселенски мисии - истакна Амандин Фабр, раководителка на проектот.

Институтот веќе примил многу пријави, вклучително и од поранешни учесници. Еден од нив е Ерван, кој учествувал во 2023 година во сличен експеримент - поминал 60 дена в кревет и за тоа добил 18.000 евра.

- Првите неколку часа телото побавно се приспособува, но потоа организмот се навикнува - изјавил тогаш Ерван.

Истражувањето во Тулуз е дел од пошироко истражување за физиолошките предизвици што луѓето можат да ги доживеат при долг престој во вселената.

Извор: 021.rs
Фото: Freepik