„Фолксваген“ продаде повеќе колбаси отколку автомобили

„Фолксваген“ продаде повеќе колбаси отколку автомобили

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во време кога автомобилската индустрија се соочува со предизвици, „Фолксваген“ најде неочекуван извор на успех - своите колбаси.

Од автомобилски гигант до рекорден продажен хит во кујната, „Фолксваген“ е еден од најпрепознатливите европски производители на автомобили, познат по модели како „голф“, „пасат“ и „туарег“. Но, последниве години компанијата се соочува со финансиски проблеми, станувајќи симбол на економскиот пад на Германија.

И додека продажбата на автомобили опаѓа, еден не толку познат производ на „Фолксваген“ цвета. Станува збор за нивниот прочуен колбас нарече „кaрвируст“ (германски: currywurst).
Овој специјалитет, кој веќе долго време е неизоставен дел од исхраната на вработените во фабриката, сега стана најпродаваниот производ на компанијата.

- Повеќе од 8 милиони оригинални фолксваген-каривурст! Тоа е нов рекорден успех за нас - се пофали на социјалните мрежи Гунар Килијан, директорот за човечки ресурси во „Фолксваген“.

Колбасите како спас за „Фолксваген“


„Каривурст“ е сечкан колбас прелиен со доматен сос, посипан со кари, а понекогаш и со пиперка и е едно од омилените јадења во Германија. Минатата година „Фолксваген“ продаде дури 8,5 милиони колбаси, што е зголемување од 200.000 во споредба со 2023 година.

Спротивно на тоа, компанијата се соочува со сериозни финансиски проблеми. Нето-добивката на „Фолксваген“ се намали за 30,6 отсто поради високите производствени трошоци и слабата продажба во Кина. Групацијата, која вклучува брендови како „Ауди“, „Сеат“ и „Шкода“, помина тешко во 2024 година, со долги и напнати преговори со синдикатите во Германија. Како резултат, беше договорено до 2030 година да се укинат 35.000 работни места.

kolbasi
Фото: Freepik

Финансискиот директор на „Фолксваген“, Арно Антлик, изјави дека компанијата се фокусира на намалување на трошоците и зголемување на профитабилноста и очекува раст на приходите до 5 отсто во 2025 година.

Сепак, предизвиците остануваат. Политичката нестабилност, трговските ограничувања и геополитичките тензии создаваат неизвесност. Дополнителен проблем е најавената можност Доналд Трамп да воведе 25 отсто царина за возилата произведени во ЕУ.

Додека „Фолксваген“ се справува со глобалните предизвици, „каривурст“ останува стабилен бестселер. Производството на овие колбаси се одвива во фабрика на „Фолксваген“, а точниот рецепт го знаат само неколкумина вработени.

Овој специјалитет е толку важен за компанијата, што доби официјална ознака „Volkswagen Originalteil“ (Оригинален дел на Фолксваген) и сопствен фабрички број: 199 398 500 A.

Во 2021 година менаџментот донесе одлука да го исфрли овој колбас од менито во фабричките кантини во Волфсбург. Тоа предизвика големо незадоволство кај работниците, а во одбрана на колбасот застана и поранешниот германски канцелар Герхард Шредер.

По бунтот на вработените, компанијата беше принудена да го врати омиленото јадење на менито и јавно да се извини.

Во време кога продажбата на автомобили стагнира, „Фолксваген“ може да се потпре барем на своите колбаси.

Извор: Thetimes.com
Фото: Wikipedia