На кои семафори возачите подобро реагираат?
Семафорите кои им овозможуваат на пешаците да поминуваат по фреквентните улици така што прво ќе притиснат копче се ефективни за запирање на автомобилите. Тие се познати и како пешачки хибридни семафори. Сепак, многу пешаци не ги користат.
Напротив, преферираат активирање на семафори кои веднаш почнуваат да трепкаат. Тие им укажуваат на возачите да ја отстапат предноста штом ќе се притисне копчето. Ова се правоаголни, брзотрепкачки семафори. Сепак, тие се помалку ефикасни во запирање на возачите.
Ова се главните наоди на новото истражување. Студијата била објавена од Институтот за осигурување за безбедност на автопати, непрофитна организација од САД, финансирана од осигурителната индустрија.
-Се покажа дека двата вообичаени системи за сигнализација за пешаци ја зголемуваат веројатноста дека возачите ќе отстапат предност на минување и ќе им овозможат на пешаците безбедно да ја преминат улицата. Но, тие можат да ја исполнат својата цел само ако пешаците притиснат копче за да ги активираат семафорите - истакнал Дејвид Харки, претседател на Институтот за осигурување за безбедност на автопати.

Ефикасни во намалувањето на сообраќајните несреќи
И хибридните семафори за пешаци (PHB) и правоаголните брзотрепкачки семафори (RRFB) се покажале како ефикасни во намалувањето на бројот на сообраќајни несреќи во кои учествуваат пешаци. Сепак, истражувачите сакале да го споредат однесувањето на пешаците на овие два типа пешачки премини за да проценат како луѓето ги користат во секојдневниот живот.
Истражувачите ја анализирале фреквенцијата на отстапување на предноста и активирање на сигналот користејќи видеоснимка од повеќе од 3.000 пешаци на различни локации, како и 30 испитаници. Откриле дека светлосните сигнали за пешаци кои минуваат низ фази на предупредување се поефикасни на фреквентните премини. Трепкачките сигнали работат подобро во области со полесен сообраќај и помали ограничувања на брзината.
Многу пешаци не активирале PHB сигнали во зони со помал сообраќај или помала брзина. Ја преминале улицата без да притиснат копче или да чекаат сигнал. Од друга страна, RRFB сигналите имале повисока стапка на активирање.
Зошто пешаците ги активираат
Најчестите причини зошто испитаниците активирале некои од овие сигнали се густиот сообраќај, големата брзина на возилата или широките патишта. Студијата покажала дека стапките на активирање значително се зголемуваат во такви услови, додека стапките на отстапување на предноста на пешаците се намалуваат.
Пешаците почесто ги активирале сигналните системи на места каде што немало тротоар на спротивната страна на улицата. Активирањето било почесто во училишните зони, на пешачките премини надвор од раскрсниците, во периоди на густ сообраќај и кога пешаците минувале во групи.
Истражувачите откриле дека возачите се со поголема веројатност да отстапат првенство на места со пешачки острови, во училишни зони и кога пешаците минуваат во групи. Стапките на активирање на сигналот биле повисоки за време на густ сообраќај, но возачите почесто го отстапувале првенството на минување во периоди со помалку преоптовареност.
- Пешаците не сакаат да чекаат ако мислат дека можат безбедно да ја преминат улицата. Тоа значи дека пешачките хибридни семафори, кои возачите почесто ги доживуваат како црвено светло на класичните семафори, се поефикасни на најопасните премини, каде што пешаците почесто ги користат. RRFB сигналите треба да се постават на помалку тешки премини. Тоа може да бидат двонасочни улици со помал сообраќај или места со помали ограничувања на брзината - потенцирал Раул Авелар, главен автор на студијата.
Студијата заклучува дека ако сообраќајните инженери подобро ги усогласат сигналните системи со карактеристиките на премините, поголема е веројатноста пешаците и возачите да ги користат, со што ќе се подобри севкупната безбедност.
Извор: forbes.n1info.rs
Фото: Freepik