Периодот на „борбена зона“ на Сонцето може да донесе екстремни вселенски бури до 2027 година
Научниците долго време го проучувале единаесетгодишниот циклус на Сонцето, кој влијае врз појавата на блесоци, Сончеви дамки и вселенски временски услови на Земјата. Сепак, ново истражување предупредува на уште поинтензивна фаза по соларниот максимум, наречена „борбена зона“.
Според прогнозите на експертите од „Линкер спејс“, овој период - кој ќе го достигне врвот помеѓу 2026 и 2027 година - може да предизвика екстремни геомагнетни бури кои би ги загрозиле електричните мрежи, сателитите и комуникациските системи.
„Борбената зона“ е формирана како резултат на интеракцијата на магнетните појаси од циклусот „Хејл“, кој трае 22 години и за време на кој магнетното поле на Сонцето го менува поларитетот. Овие појаси се формираат во близина на половите на Сонцето и постепено се движат кон екваторот, обликувајќи ја Сончевата активност. Кога ќе се судрат два спротивно наелектризирани појаси, се создава исклучително активен регион, кој го продолжува периодот на интензивна сончева активност и по соларниот максимум.
Една од најопасните последици од оваа појава е зголемениот ризик од моќни соларни изливи и коронални дупки. Сончевите пламени испуштаат експлозивни бранови на електромагнетно зрачење, што може да се меша со ГПС-сигналите и радиокомуникациите, додека короналните дупки - области со помала густина на плазмата - ослободуваат големи количини на брз Сончев ветер, интензивирајќи геомагнетни бури. Доколку се доволно силни, овие бури би можеле да достигнат размери на настанот Карингтон од 1859 година, кој предизвикал дефекти во телеграфските системи и поларна светлина видлива дури и на Карибите.
Научниците предупредуваат дека операторите на сателитите и електричната мрежа треба да се подготват за можни прекини бидејќи периодот на борбената зона може да донесе чести и моќни соларни бури. Бидејќи се очекува Сончевата активност да остане висока во втората половина на деценијата, следните години би можеле да бидат вистински тест за отпорноста на Земјата на вселенските временски услови.
Извор: benchmark.rs
Фото: Freepik