Мелбурн е прогласен за најдобар град во светот: Еве со што ги воодушевува туристите

Мелбурн е прогласен за најдобар град во светот: Еве со што ги воодушевува туристите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Британскиот магазин „Тајм аут“ ја објави листата со 50. најдобри градови во 2026 година, а првото место го освои Мелбурн. Градот доби пофалби за својата гастрономска, културна и уметничка сцена.

За да го одреди победникот, „Тајм аут“ анкетирал околу 24.000 луѓе за тоа каде живеат, врз основа на 44 критериуми - од храна, ноќен живот и култура до достапност, среќа и атмосферата што владее во градот.

Учесниците биле избрани случајно, односно станувало збор за луѓе кои биле подготвени да ја пополнат анкетата на нивната веб-страница. Во истражувањето учествувале луѓе од 42 јазични подрачја.

- Сместен е покрај реката Јара, која има културно значење за домородните заедници во градот, а низ целиот Мелбурн има сè - од историски згради до развиена гастрономска сцена (која 94 отсто од локалното население ја оценува високо), познати ресторани и кулинарски специјалитети - наведува „Тајм аут“.

Зад Мелбурн се Шангај, Единбург, Лондон, Њујорк, Кејптаун, Мексико Сити, Бангкок, Сеул и Токио. Комплетната листа може да се погледне на веб-страницата на „Тајм аут“.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik