ТИТАН УСЈЕ вработува референт за плаќања

ТИТАН УСЈЕ вработува референт за плаќања

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

ТИТАН УСЈЕ АД Скопје
објавува оглас за вработување на


Референт за плаќања

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:

- Дневно следење на денарските и девизните сметки, oрганизирање и извршување на денарски и девизни плаќања, откуп на девизни средства.
- Комуникација и координација со банки, финансиски институции и клиенти.
- Следење на расположливите финансиски средства и нивно оптимално пласирање во банки.
- Водење и одржување на целокупната документација поврзана со подигнување кредити, вклучувајќи следење на рокови за отплата и навремено плаќање на камата.
- Следење, ажурирање и одржување на документацијата поврзана со банкарски гаранции, со обезбедување навремено обновување и усогласеност со регулативите и барањата.
- Подготовка и доставување неделни, месечни, квартални и годишни финансиски извештаи,
како и ад-хок извештаи побарани од менаџментот, финансиските институции и други оддели.
- Следење на законската регулатива поврзана со денарски и девизни плаќања и усогласување со истата.

Работното време е од 08:00 – 16:00 часот. Компанијата обезбедува платена исхрана, приватно здравствено осигурување, како и бонус за успешно работење.

Квалификации на кандидатот

• Економски факултет, 240 ЕКТС
- Најмалку три години работно искуство на позиција поврзана со банкарски активности
- Познавање на англиски јазик
- Одлични познавања на Microsoft office апликациите
- Познавање на SAP ќе се смета за предност

Конкурентски предности:

- Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања
- Посветеност и иноватиност на работното место
- Организациски способности
- Добри комуникациски способности
- Флексибилност/адаптибилност
- Тимско работењето и кооперативност
- Ефективност и ефикасност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување.
ТИТАН УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши само на веб страницата
на ТИТАН УСЈЕ http://www.usje.mk во делот Кариера / Придружете ни се.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.