Археолозите пронашле антички нож што служел како протеза на рака

Археолозите пронашле антички нож што служел како протеза на рака

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Италијански археолози пронашле протеза со нож кај средновековен воин чија рака била ампутирана.

1
Фото: Micarelli



Скелетот бил пронајден во Повељано Веронезе, рани средновековни гробишта во Северна Италија од 6 до 8 век. Биле откриени многу гробници на возрасни мажи со оружје покрај нив, заедно со јама полна со коњи без глава и два загари. Но еден човек се разликувал по тоа што претрпел повреда на десната подлактница.

Истражувачите внимателно ги анализирале коските и забите на овој постар маж, правејќи 3Д-модел на неговата ампутирана десна рака со скенирање. Тие откриле дека ампутацијата се случила како резултат на траума на силен удар на подлактницата, но не можеле дефинитивно да заклучат зошто била намерно отстранета. „Една можност е дека раката бил ампутиран од медицински причини“, вели Микарели, дел од истражувачкиот тим. Сепак, со оглед на тоа што овој регион имал култура на војување, можно е воинот да ја загубил раката при борба, а можеби му била отсечена поради судска казна.

Пофасцинантно од преживувањето на овој човек во ерата пред антибиотиците е неговата уникатна протеза. Микарели и неговите колеги ги испитале краевите на коските на човекот и сфатиле дека веројатно постоела биомеханичка сила поставена на местото на ампутираната рака.

Дополнителни докази за протезата биле забите на мажот и неговото рамо. Забите од десната страна на устата биле толку сериозно истрошени, што тој страдал од инфекција на коската на вилицата. Десното рамо, каде што била поврзана неговата надлактница, било преориентирано на абнормален начин. Двата докази укажуваат на тоа дека тој ја затегнувал протезата со забите.

„Преживувањето на овој човек сведочи за грижата на заедницата, семејното сочувство и високата вредност што му била дадена на човечкиот живот. Не само што тој се приспособил на новата состојба, туку го направил тоа со протеза и значителна поддршка од заедницата“, заклучуваат научниците.