Оглас за вработување во ЕВН Македонија

Оглас за вработување во ЕВН Македонија

EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 

За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Ѓорче Петров - Скопје, Група 1, бараме:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ (М/Ж)

Работни задачи:
Обработка на барања и поплаки од корисниците,
Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
Прием, обработка, чување и средување на документација,
Контрола на приклучоци и мерни места.

Потребни квалификации:
Електро-технички факултет - Енергетика, Познавање и користење на MS Office,
Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност,
Способност за работа во рокови,
Возачка дозвола,
Исполнителност и одговорност,
Флексибилност,
Тимска работа.

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, преку полето Аплицирај испратете куса биографија и мотивационо писмо, директно на маил-от: jobs@evn.mk или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 23.04.2018.

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!