Светот на Месечината е многу динамичен, открива најново видео на НАСА

Светот на Месечината е многу динамичен, открива најново видео на НАСА

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Месечината
(Фото: Pixabay)


НАСА објави видео од фантастична обиколка по Месечината во 4Д-резолуција, користејќи податоци што ги добила од својата сонда.

Оваа обиколка овозможува фасцинантен поглед врз пустата површина на Месечината и некои најпознати предели и пејзажи, како 2.500 километри широкиот Аиткенов Басен, долината Таурус-Литру – познатата локација каде што слета „Аполо 17“, кратерот Шеклтон на Јужниот Пол, Тиховиот кратер на јужниот висински дел од Месечината, Источното Море на западната граница на темната страна на Месечината и Аристарховото плато каде што ќе се вршат идните истражувања.

Видеото е создадено благодарение на податоците кои во период од девет години ги собирал Месечевиот истражувачки орбитер на НАСА.

Леталото го проучува ова небесно тело уште од јуни 2009 година на височина од 50 километри, што значи дека новата снимка обезбедува досега најдетален приказ на Месечината.

Многу од деталите досега не биле видени, пишува „Дејли мејл“.

Меѓу другото, сондата открила дека светот на Месечината е многу динамичен. На нејзината површина секоја година под влијание на стероидите и кометите настануваат во просек околу 180 нови кратери, со дијаметар од најмалку 10 метри.