Саудиска Арабија планира да засади 50 милијарди дрвја и да ги намали емисиите на јаглерод за 60 отсто

Саудиска Арабија планира да засади 50 милијарди дрвја и да ги намали емисиите на јаглерод за 60 отсто

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Дом на некои од најголемите, најсувите и најжешките пустини во светот, Саудиска Арабија е поставена така што страда од зголемените глобални температури.

Иницијативите „Грин Сауди“ и „Грин Мидл Ист“ имаат цел да вложат најголем напор во светот за засадување 50 милијарди дрвја низ арапските држави, како и да создадат огромен погон за зелена енергија што би ги намалило глобалните емисии на јаглерод за 8 отсто, а домашните емисии за 60 отсто.

Свесни дека нивното богатство е добиено од фосилни горива, иницијативите настојуваат да создадат 50 отсто зелена енергија до крајот на деценијата.

- Како водечки глобален производител на нафта, ние сме целосно свесни за нашата одговорност во унапредувањето во борбата против климатската криза. Како што игравме водечка улога во стабилизирањето на енергетските пазари во текот на ерата на нафтата и гасот, исто така ќе работиме да бидеме лидери за време на зелената ера - велат саудиските власти.

saudiska
Фото: Riyadh Green

Саудиска Арабија страдаше од уништување на шумите и од бури од прашина помешани со слаби врнежи од дожд. Воведувањето дополнително зеленило во градот, како и вештачкото создавање временски услови за зголемување на врнежите, ќе биде поврзано со напорите за заживување на арапскиот див свет и за подигнување на постојните заштитени пустински и морски екосистеми на 30 отсто од суверената територија на земјата.

Низ поширокиот Блиски Исток, Саудиска Арабија планира да им помогне на државите да инсталираат помодерни и поефикасни технологии за јаглеводороди што ќе ги намалат емисиите.

- Ова е само почеток. Кралството, регионот и целиот свет треба да одат напред со забрзано темпо во борбата против климатските промени - велат официјалните лица.

Извор: Good News Network
Фото: Freepik