Студенти го осмислиле идејното решение за новата хрватска кованица за 1 евро

Студенти го осмислиле идејното решение за новата хрватска кованица за 1 евро

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Хрватска неодамна се соочи со скандал по претставувањето на идејното решение за дизајн на кованица од 1 евро направено од страна на студент на Академијата за применети уметности. Шкотски фотограф тврдел дека дизајнот бил украден, односно дека за била искористена негова фотографија од куна. По тужба за кражба на дизајнот, дизајнот бил повлечен.

Минатата недела хрватската централна банка објавила ново идејно решение, кое исто така било на студент. Автор на новото идејно решение за дизајн на кованица од 1 евро е Јагор Шунде. Новата кованица ќе има куна со шаховница во заднината.


Фото: HNB

Шунде во 2019 година запишал додипломски студии по архитектура и урбанизам на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Тој ќе ги продолжи студиите во странство оваа година, пренесува „Мој факс“.


Фото: Фран Зекан, Јагор Шунде и Давид Чемељиќ/HNB

Шунде го направил дизајнот заедно со Давид Чемељиќ и Фран Зекан, студенти на Факултетот за електротехника и компјутерски науки на истиот универзитет.

 За новото идејно решение тие добиле награда во износ од 70.000 куни (572.965 денари).

Извор: Moj faks