Конан О’Брајан ќе биде водител и на „Оскарите“ во 2027 година
Конан О’Брајан ќе биде водител и на 99. доделување на „Оскарите“, кое ќе се одржи на 14 март 2027 година во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, соопштија од Академијата за филмски уметности и науки.
Третпат по ред О’Брајан ќе биде водител на најважната филмска манифестација, откако во последните две години доби позитивни реакции од публиката и од критиката. Годинава во воведниот монолог тој се пошегува дека му е чест да биде последниот човечки водител на „Оскарите“. Додаде дека следната година тоа ќе биде Вејмо во костум, алудирајќи на сè поголемата улога на технологијата.
Заедно со него се враќаат и извршните продуценти Раџ Капур и Кејти Мулан, кои повторно ќе ја водат продукцијата на церемонијата.
Од Академијата истакнуваат дека станува збор за исклучителен тим кој во изминатите години подготвил забавни и емотивни програми, додавајќи дека со нетрпение очекуваат О’Брајан повторно да ја предводи церемонијата со својот хумор.
Ова издание на доделувањето ќе се емитува во живо на Еј-би-си, а ќе биде едно од последните што се одржуваат во Холивуд и на класична телевизија, бидејќи од 2029 година церемонијата ќе се пресели на „Јутјуб“ и во центарот на Лос Анџелес.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTube