Инките биле подобри хирурзи од американските хирурзи што живееле 400 години подоцна

Инките биле подобри хирурзи од американските хирурзи што живееле 400 години подоцна

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Научниците што ги проучуваат черепите на Инките откриле нешто изненадувачко: пациентите имале двојно поголема стапка на преживување по операција на черепот отколку оние што биле извршени за време на американската граѓанска војна - 400 години подоцна.

Ова противречи на претходните претпоставки дека технологијата и обуката на американските лекари автоматски ќе дадат подобар исход.

majami
Фото: University of Miami


Процедурата што научниците ја проучувале била трепанација, практика на дупчење дупка во черепот. Процедурата датира милениуми наназад и се смета дека била спроведувана како третман за разни болести - главоболки, цисти на коските, траума (фрактури), конвулзивни нарушувања (како епилепсија), а можеби и против протерување на демони.

Инките од Перу биле плодни трепанери. Над 800 черепи што покажуваат знаци на вежбање и пракса биле откриени од гробни пештери и археолошки копања од крајбрежните области и  висорамнините на Перу, што датираат од 400 години пр.н.е.

Тоа е повеќе од вкупниот број на вакви черепи пронајдени во останатиот дел од светот.

Фасцинантно, тие покажуваат како техниките на хирурзите на Инките се развивале со текот на времето - што резултира со неверојатна стапка на преживување, од над 80 отсто.

- Сѐ уште постојат многу непознати податоци за постапката и за лицата врз кои била изведена трепанација, но резултатите за време на граѓанската војна се полоши во споредба со резултатите во времето на Инките - вели неврологот Дејвид Кушнер од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Мајами.

- Во времето на Инките стапката на морталитет била меѓу 17 и 25 отсто, а за време на граѓанската војна била меѓу 46 и 56 отсто. Тоа е голема разлика. Прашањето е како античките перуански хирурзи имaат резултати што далеку ги надминале оние на хирурзите за време на американската граѓанска војна.

Иако техниките што ги користеле Инките се непознати, еден одговор може да биде хигиената. Лекарите од граѓанската војна често користеле нехигиенски, нестерилизирани алати.

Друг очигледен одговор е дека Инките едноставно имале вековни практики за усовршување на нивната техника.

Од периодот на Инките, хирурзите исклучиво користеле кружна техника на бразди, што резултирало со помало продирање на заштитната мембрана што го зафаќа мозокот.

- Со текот на времето, тие откривале кои техники се подобри. Физичките докази дефинитивно покажуваат дека овие древни хирурзи ја редефинирале процедурата со текот на времето. Нивниот успех е навистина извонреден - вели неврологот Кушнер.