Ковид-19: 196 новозаразени, 8 починати и 11 оздравени

Ковид-19: 196 новозаразени, 8 починати и 11 оздравени

Во последните 24 часа се направени 1.213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на Ковид-19, соопштија од Министерството за здравство.

Новозаразените се од:

- Скопје - 90
- Куманово - 17
- Штип - 5
- Прилеп - 1
- Тетово - 45
- Струга - 8
- Велес - 1
- Битола - 4
- Охрид - 11
- Гостивар - 8
- Крива Паланка - 1
- Пехчево - 2
- Свети Николе - 1
- Ресен - 2

Осум пациенти починале - четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализирана пред 10 дена; пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починале двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години - хоспитализиран на 11 јуни; пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

Во болницата во Битола починал пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид починал пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти и тоа во:

- Скопје - 3
- Куманово - 1
- Штип - 2
- Прилеп - 4
- Велес - 1

Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.895, бројката на оздравени пациенти е 1.705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.011.