Главата во една, нозете во друга држава - во овој хотел можете да спиете во две земји истовремено

Главата во една, нозете во друга држава - во овој хотел можете да спиете во две земји истовремено

Станува збор за единственото место во светот каде што границата меѓу две држави поминува низ истиот хотел. Замислете да се разбудите во удобeн хотелски кревет, да се истегнете и да сфатите дека главата ви е во Франција, а нозете во Швајцарија. Звучи неверојатно, но на границата меѓу овие две европски држави тоа е сосема вообичаено.

Политички спор


На само 22 километри од швајцарскиот град Нион, на брегот на Женевското Езеро, во селото Ла Кјур, опкружено со прекрасен алпски пејзаж, се наоѓа хотелот „Арбец“. Овој шармантен семеен хотел е познат по тоа што меѓународната граница минува низ неговите соби, ходници, па дури и низ трпезаријата.

Сè започнало уште во 1862 година поради долготраен спор околу блиската долина Валe де Дап. Франција и Швајцарија не можеле да се договорат околу сопственоста на таа област, па на крај едноставно размениле територии. Швајцарија ѝ отстапила на Франција дел од спорната долина, а за возврат добила соседна француска територија со приближно иста големина. Новата државна граница тогаш била повлечена низ селото Ла Кјур.


Локална атракција

Спогодбата била официјално потпишана во декември, но требало да стапи во сила дури во февруари следната година. Во тој двомесечен период, снаодлив локален претприемач, Французинот Понту, во границата што минувала низ неговиот имот видел животна шанса. Веднаш изградил објект точно на трасата на идната граница.

Овој необичен хотел со генерации привлекува патници желни за уникатно искуство, а приказната за неговото настанување и сè што преживеал звучи како сценарио за возбудлив историски филм. Со хотелот и денес управува истото семејство, односно потомците на неговиот основач.

Извор: n1info.hr
Фото: Instagram