Сем Нил: „Животот е краток. Треба да го живееш целосно и значајно додека можеш“

Сем Нил: „Животот е краток. Треба да го живееш целосно и значајно додека можеш“

Почина сер Сем Нил, еден од најпочитуваните новозеландски актери чија кариера траеше повеќе од пет децении.

Роден во Северна Ирска, а пораснат во Нов Зеланд, светската слава ја стекна со улогата на д-р Алан Грант во филмот „Паркот јура“. Во текот на кариерата одигра десетици незаборавни улоги во филмовите „Пијаното“, „Мртов мир“, „Ловот на црвениот октомври“ и многу други. Тој беше и писател и голем љубител на природата. Во 2023 година јавно откри дека боледува од редок вид рак на крвта, но подоцна соопшти дека болеста е во ремисија. Почина на 78-годишна возраст, а неговото семејство соопшти дека смртта била ненадејна и неочекувана.

Зад себе остави не само незаборавни улоги, туку и мисли што инспирираат. Во продолжение прочитајте дел од неговите најпознати цитати.

„Денот е многу попријатен кога работите со луѓе за кои мислите дека се добри, а тоа ја прави и вашата работа полесна“.


„Секогаш сакам да бидам најдобар што можам во улогата. Но, не се претставувам како најголемиот актер на светот“.

„Свесен сум дека имам ограничено време за да направам сè што сакам пред да заминам во пензија, но дефинитивно немам желба да се пензионирам“.

„Јас сум солиден. Издржлив сум. Ја завршувам работата“.

„Ако изгледа забавно и квалитетно, тогаш ќе го направам. Не чувствувам дека морам да работам, ниту дека не треба да работам“.

„Ја разбирам глумата и ги разбирам актерите. Не го разбирам навистина светот на славните. Тоа е чудно. Со тие работи не се снаоѓам најдобро“.

„Ниту еден интелигентен човек доброволно не носи мустаќи - можете да го запишете тоа“.

„Знаете, не гледам толку филмови колку што би требало. Бидејќи многу патувам, на крај гледам филмови во авион, а тоа е најлошиот можен начин да гледате филм“.


„Се чувствувам привилегирано што работам со други актери. Актерите се најдоброто друштво што го познавам“.

„Животот е краток. Треба да го живееш целосно и значајно додека можеш“. 

„Секогаш мора да се потсетуваме колку е кревок животот на оваа планета и какви одговорности имаме“.

„Не мислам дека некогаш се чувствував како аутсајдер поради пелтечењето“.

„Станувам многу немирен и нервозен ако не знам која е следната работа што ќе ја правам“.

„Луѓето збудалуваат кога ќе видат филмска ѕвезда и прават чудни работи“.

„Мразам да го кажам тоа, но изгледа дека филмовите некако го изгубија квалитетот“.

Извор: Brainyquote.com
Фото: Magnific
Brainyquote.com