Со гала-концертот „Љубов“ синоќа беше отворено 66. издание на Охридско лето
Со свечен гала-концерт на албанската оперска дива Ермонела Јахо и американскиот тенор Чарлс Кастроново, во придружба на Оркестарот на Македонската опера и балет под диригентската палка на маестро Марко Боеми од Италија, синоќа беше отворено 66. издание на фестивалот Охридско лето – најзначајната меѓународна музичко-сценска манифестација во Македонија.
Во програмата на фестивалот годинава има 48 културни настани и учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји, што го потврдува угледот на фестивалот како една од најреномираните културни манифестации во регионот и Европа.
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето обраќање истакна дека „Охридско лето“ не е само фестивал, туку симбол на духовната традиција и доказ дека Македонија отсекогаш ја препознавала културата како стратешка вредност.
Програмата на фестивалот можете да ја погледнете
ТУКА.
Фото: фејсбук/Охридско лето