Астрономи ја откриле најмладата планета во нашата галаксија

Астрономи ја откриле најмладата планета во нашата галаксија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Тим астрономи од НАСА и Европската вселенска агенција (ЕСА) можеби ја откриле најмладата планета во нашата галаксија. Планетата е толку нова што сè уште е покриена со прав и гасови.

Истражувачите сметаат дека планетата е стара само околу 1,5 милиони години. За споредба, Земјата постои над 4 милијарди години.

- Тоа е како да гледаме во нашето минато - изјавила Миријан Бенисти, астроном на Институтот за планетологија и астрофизика во Гренобл, Франција.

Истражувањето отворило и нови прашања бидејќи новата планета е необично далеку од својата ѕвезда-родител.

Научниците наскоро планираат да го искористат телескопот „Џејмс Веб“ за дополнително истражување на новата планета.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Freepik