Ова се најпопуларните песни за патување со автомобил

Ова се најпопуларните песни за патување со автомобил

Подготвил: Драгана Петрушевска

Сега е време на патувања, па затоа веројатно ќе ви треба листа од песни за слушање додека возите, особено доколку патувате со автомобил во друга земја.

Од платформата за недвижнини „Биг домејн“ анализирале 50 листи со песни за патување со автомобил на „Спотифај“ за да ја состават најдобрата листа на вакви песни.

„Don't Stop Believin’“ од „Џурни“ се наоѓа на врвот на листата како најпопуларна песна за патување. На второто место е „Sweet home Alabama“ на „Линирд Скинирд“.


Повеќето песни на листата се постари, иако има и некои понови, како „Blinding lights“ од Д Викенд од 2020 година. Во продолжение се 10-те најдобри песни за патување според анализата на „Биг домејн“.

1. „Don't Stop Believin“ - „Џурни“

2. „Sweet Home Alabama“ - „Линирд Скинирд“
3. „Riptide“ - Венс Џој
4. „Home“ - Едвард Шарп и „Магнетик зирос“
5. „Livin’ On A Prayer“ - „Бон Џови“
6. „Mr. Brightside“ - „Д килерс“
7. „Pumped Up Kicks“ - „Фостер д пипл“
8. „Counting Stars“ - „Уан рипаблик“
9. „Africa“ - ТОТО
10. „Blinding Lights“ - Д Викенд

Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Pixabay