„Little Stars“: Програма за ран детски развој низ игра на малите ѕвездички

„Little Stars“: Програма за ран детски развој низ игра на малите ѕвездички

Децата на возраст од 3 до 5 години се во период на големи промени при што кај нив се будат нови способности и потреба за учење. Програмата „Little Stars“ („Мали ѕвезди“) на едукативните центри „Арс Ламина едукација“ (во Центар и во Аеродром) е конципирана согласно стандардите за рано учење и развој, а со цел да ги едуцира децата што не се опфатени со градинките. Првиот чекор во фазата ран детски развој е создавање самодоверба на начин детето да ги освести своите способности, да не се откажува при првата грешка и да има храброст да биде креативно. Сево ова децата го постигнуваат низ игра.

Што е суштината на „Little Stars“?

Активностите што се реализираат во рамките на програмата „Little Stars“ се во корелација со стандардите за рано учење и развој на Министерството за труд и социјална политика. Посетителите во период од 8 месеци низ различни активности и игри ќе ги развиваат вештините потребни за успешна адаптација во различни контексти.



- Во новото опкружување вашите малечки ќе направат голем чекор во социјализацијата. Ќе запознаат нови другарчиња и ќе научат да се снајдат во новата околина, притоа почитувајќи ги правилата на групата и решавањето конфликти. Преку презентација на сопствените изработки и разговор во круг ќе ги развиваме комуникациските вештини и на тој начин децата ќе научат да не зборуваат сите во ист глас и како да зборуваат пред група. Креативни сме и при графомоторичките вежби, па децата при цртање симетрични и огледални форми, прави и криви линии, ќе користат различни креативни техники и игри (од песок и пастели до ножички и молив) – велат од „Арс Ламина едукација“.

Усвојување вештини низ игра и забава

Низ игра, забава и дружење децата ќе ги усвојат вештините неопходни за успешно извршување на училишните задачи кога ќе стартуваат со своето основно образование:
* Графомоторички вештини кои вклучуваат умешност на раката и координација на движењата при цртање и пишување. За да ги развијат овие вештини, децата преку вежби за цртање и обликување ќе користат различни медиуми и техники (пластелин, пастелни и водени бои, молив...).



* Когнитивни вештини кои овозможуваат разбирање на просторните и временските односи, уочување сличности и разлики, препознавање на боите, материјалите, развој на сетилната чувствителност.
* Говорно-јазичните вештини ќе се развиваат преку дефинирање едноставни поими, раскажување преку слики и прераскажување приказни и настани. Децата ќе го збогатуваат својот речник низ друштвени игри, презентации пред групата и креативно изразување.
* Предматематичките вештини кои вклучуваат уочување на односите, количествата, заедничките својства на предметите и нивна споредба, децата ќе ги развиваат преку рими, предизвици, игри... Лесно и на креативен и забавен начин ќе ги совладаат основните математички поими.
* Социо-емоционалните вештини подразбираат соработка со другите, приспособување на општествените норми и прифаќање на правилата на групата. На интерактивен начин, преку игра, глума и обработка на бајки и приказни за поттикнување позитивни модели на однесување, децата ќе учат за себе и за своите чувства и емоции.

Дневен престој за ученици

Едукативните центри на „Арс Ламина едукација“ нудат и можност за дневен престој на деца од училишна возраст. Програмата вклучува: помош при пишување на домашните задачи и совладување на наставната програма, индивидуална работа и квалитетно и креативно поминато слободно време надвор од амбиентот на училиштето.



- Она што е олеснување за родителите е можноста за земање на децата од училиште од страна на нашиот тим со обучени едукатори. Нашата цел е децата да имаат слободно време дома - велат од „Арс Ламина едукација“.
За повеќе информации за програмата за предучилишна возраст „Little Stars“ и за „дневниот престој“ во центрите на „Арс Ламина едукација“ во Центар и во Аеродром, кликнете на следниве линкови:

https://www.facebook.com/edukativencentarArsLamina/

(Комерцијална објава)