Михаел Шумахер е во свесна состојба

Михаел Шумахер е во свесна состојба

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Медицинскиот персонал соопшти дека Михаел Шумахер е свесен откако бил подложен на третман со матични клетки во Париз.

Седумкратниот шампион во Формула 1 во понеделникот беше примен во болницата „Жорж Помпиду“, а француските медиуми пишуваат дека тој бил на лекување кај кардиоваскуларниот хирург Филипе Менаше, кој се смета за пионер во операцијата со матични клетки.

Шумахер воопшто се нема појавено во јавноста откако во 2013 година се здоби со сериозни повреди на главата во скијачка несреќа. Француските медиуми наведуваат дека тој требало да добие антиинфламаторна перфузија на матични клетки во вторникот и да ја напушти болницата во средата, откако бил префрлен од неговиот дом во Швајцарија.

1
Фото: АР

Третманот на поранешниот возач, чија физичка и ментална состојба е непозната, и понатаму се држи во тајност. Но, францускиот весник „Ле Парижен“ наведува неименувана медицинска сестра во болницата која рекла дека тој покажува знаци на закрепнување.

- Да, тој е во моја служба и можам да ве уверам дека е свесен - изјавила таа.

Д-р Менаше е добро познат по извршувањето на првата трансплантација на ембрионски клетки кај пациент со срцева слабост во 2014 година.

Докторите кај Шумахер медицински предизвикале кома, шест месеци откако ја удрил главата додека скијал со неговиот 14-годишен син. Тој бил преместен од болницата „Гренобле“ во Лозана пред да го вратат дома во септември 2014 година. Оттогаш неговата сопруга Корина Шумахер ја презеде грижата за него. Таа одбива да разговара за неговата состојба, но пријатели на возачот велат дека тој не може да оди, ниту правилно да комуницира.

Шумахер има освоено рекордни 91 Гран при и 7 светски титули.