Видео направено под вода го открива необичниот начин на кој јадат фламингата

Видео направено под вода го открива необичниот начин на кој јадат фламингата

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Видео направено од зоолошката градина во Сан Диего прикажува како брилијантните розови птици се хранат под вода. Видеото било направено со помош на подводната камена поставена во базенот за хранење на фламингата.

На видеото може да се види како птиците ги ставаат главите под вода и одат до дното. Од зоолошката градина објаснуваат дека фламингата природно јадат под вода со нивните клунови свртени наопаку.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Petapixel