„Амазон“ ќе им го плаќа студирањето на своите работници

„Амазон“ ќе им го плаќа студирањето на своите работници

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Американската компанија „Амазон“ сака да им ја покрива школарината за факултет на повеќето од своите 750.000 работници во САД што се платени на час.

Компанијата ќе почне да им ги покрива трошоците за школарина и книги на вработените во складиштата и превозниците кои работат на час, а сакаат истовремено да студираат. Компанијата планира да покрива и трошоци за програми на ниво на средно образование и курсеви за англиски јазик за странци.

Услов за добивање на стипендиите е работа во компанијата од најмалку 90 дена. Освен тоа, работниците ќе мора да продолжат да работат за компанијата со целосно или половина работно време додека студираат.

Компанијата претходно нудела стипендии за привремени програми и сертификати во установи со кои соработува. Од јануари ќе се доделуваат стипендии и за четиригодишни студии.

Извор: CNN
Фото: Pixabay