Научници создадоа здрави глувци од родители од ист пол

Научници создадоа здрави глувци од родители од ист пол

Тим истражувачи од кинеската Академија за наука во статија објавена во „Стем сел“ го опишуваат сложениот процес на користење на ембрионални матични клетки и едитирање на гени за да добијат глувци од родители од ист пол. Глувците од двајца татковци живееле само 48 часа, но глувците со две мајки живееле долго и можеле да имаат свои потомци по спарувањето со глувци-мајжаци.

Ова истражување дава нов, софистициран резултат кој е дел од значајно истражување кое го разгледува прашањето зошто ни се потребни родители од различни полови.

Партеногенезата, односно репродукцијата од неоплодена јајце-клетка, не е редок начин за размножување на нецицачите. Таа се јавува кај некои риби и инсекти. Но, за цицачите правилото е дека родителите од два пола се потребни за да се зачне потомок и јајце-клетката треба да биде оплодена од сперматозоид. Научниците долго време се обидуваат да сфатат зошто тоа е така и голем дел од истражувањата вклучуваат глувци.

Никој не знае зошто луѓето еволуирале на овој начин, но истражувањата појаснуваат дека е поврзано со потребата од генетски информации од мајка и татко за да има раст. Во 2004 година тим јапонски истражувачи први создадоа генетски модифицирани глувци со две мајки кои можеле да живеат подолго и да се репродуцираат. Тие го направиле ова преку промена на одредени гени вклучени во важен процес наречен „всадување“.

Експериментите во 1980-ите години покажале дека машките и женските хромозоми се асиметрични, што значи дека не можете да искористите два сета женска или машка ДНК и да добиете се што му е потребно на лабораторискиот глушец. Двата хромозома ги имаат генетските информации, но различни гени се „исклучуваат“ во зависност од полот на родителот, создавајќи нешто што се нарекува „генетски конфликт“. Двата сета се потребни за правилно „вклучување“ на сите неопходни гени кај потомокот. Истражувачите утврдиле дека ембрионите на глувците од две мајки и без генетски модификации успевале да живеат само околу 10 дена.

Во 2004 година јапонските научници во основа успеале да добијат здрав потомок со користење на две јајце-клетки.

Во новата студија, кинеските истражувачи користеле генетски едитирани ембрионални матични клетки со само еден сет хромозоми. Наместо да ги „исклучуваат“ гените вклучени во „всадување“ поврзано со одреден пол, тие ги избришале. Потоа ги инјектирале нуклеусите од тие клетки во јајце-клетка или сперматозоид, кој на крај прераснувал во жив глушец со двајца татковци или две мајки. Глувците со двајца татковци живеале околу два дена, додека оние со две мајки пораснале и имале мали глувчиња.