Третина од младите Американци не можат да служат во армијата поради дебелина
Пентагон се соочува со тешкотии при регрутирањето за воен рок бидејќи една третина од Американците имаат прекумерна тежина што им пречи да ги вршат должностите во американската армија.
- Речиси една третина од младите Американци денес се со тежина над нормалата за да служат во вооружените сили - изјави пензионираниот генерал Семјуел Ибсон, кој деновиве го претстави и извештајот на стручната група „Совет за силна Америка“, што се однесува на пешадијата.
Според документот, проблемот со тежината ги засега и војниците што се веќе на служба.
За споредба, во 2015 година 7,8 отсто од регрутите имале прекумерна тежина, што, пак, е за 73 проценти повеќе од 2011. По тој повод, Пентагон одреди построги критериуми за физичкото здравје и состојбата на активните војници.
- Повеќето проблеми на Америка се решаваат на локално ниво. И овој проблем треба да биде решен на тој начин - изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис.
Според податоците, најголем проблем со прекумерната тежина кај младите што се пријавуваат за служење војска, и се на возраст меѓу 17 и 24 години, има американскиот главен град Вашингтон (78 отсто).
Извор: МИА