Жените живеат подолго од мажите поради еден хормон

Жените живеат подолго од мажите поради еден хормон

Според Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско, „спасителот“ од стареење е женскиот хормон естроген. Според статистиката, жените во просек живеат 5 отсто подолго од мажите, објави „Дејли мејл“.

Женските теломери (завршетоци од хромозомите кои се сметаат за признак за природната старост), по правило се подолги од машките. Новите податоци покажуваат дека естрогенот ја стимулира активноста на ензим кој придонесува за продолжување на теломерите и, следствено, за продолжување на животот.

Важна улога тука имаат и алкохолот и цигарите, но и генетиката. Човечката ДНК содржи 23 пара хромозоми. Теломерите што се наоѓаат на самите краеви на хромозомот имаат заштитна функција, особено при обновување на клетките.

Со текот на времето, теломерите се скратуваат и тоа се одразува врз состојбата на целиот организам - на крајот клетките почнуваат да умираат.

Новите сознанија покажуваат дека должината на теломерите е поврзана со естрогенот, кој кај жените го има во поголеми количества.

Извор: МИА