Астронаути забележале необична светлина над Европа

Астронаути забележале необична светлина над Европа

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Астронаути на Меѓународната вселенска станица забележале необичен син сјај над Европа на почетокот од септември. Според францускиот астронаут Томас Песке, станува збор за феномен кој се случува кога има грмотевици во горниот дел од атмосферата на височини поголеми од оние на кои најчесто има грмотевици.

- Ова е многу редок настан и имаме установа надвор од европската лабораторијата „Колумбо“ која е посветена на набљудување на овие светлосни зраци. Вселенската станица е екстремно добро поставена за оваа опсерваторија бидејќи лета над екваторот, каде што има повеќе грмотевици - напишал Песке.



Астронаутите и алатките на Меѓународната вселенска станица може да истражуваат вакви атмосферски настани кои не би можеле да ги видиме од површината на Земјата.


Извор: Futurism
Извор: Twitter