Еден месец дигитална настава – што велат родителите на четвртоодделенците?

Еден месец дигитална настава – што велат родителите на четвртоодделенците?

Еден месец учениците од четврто одделение учат од дигитални учебници преку своите компјутери, мобилни, таблети, кој што има, доколку има. Откако беше презентирана новата Концепција за основно образование, во јавноста се појавија многу реакции, како од родителите така и од наставниците.

Сепак, родителите останаа најгласни на социјалните мрежи, каде што постојано укажуваат на импровизации во наставниот процес и на системски проблеми во образовниот процес. Главно, за тоа не ги обвинуваат наставниците. За нив имаат разбирање зашто, како што велат, исто како и децата, и тие се втурнати во оваа новина. Тие имаат различни искуства, но речиси сите се со иста мисла, се снаоѓаат со нивните деца како што знаат и умеат. Генерално сметаат дека за реализација на оваа идеја се потребни многу поголеми подготовки.

Недостиг на електронски уреди, немање соодветна дигитална опрема во училиштата, немање печатени учебници се само дел од серијата проблеми со кои се соочуваат родителите чии деца се четвртоодделенци. Како децата се приспособиле на новиот модел на дигитализирана настава, колку таа е вистинска настава, а колку импровизација, раскажуваат неколкумина родители. Сите, без исклучок, инсистираат да останат анонимни со цел нивните деца да немаат последици во понатамошното школување.

Целиот текст прочитајте го на Деца.мк.