Само во месец септември со A1 Net protect блокирани над 35 илјади безбедносни закани

Само во месец септември со A1 Net protect блокирани над 35 илјади безбедносни закани

Месец на Cyber security

Кој е одговорен за интернет-безбедноста е прашањето кое станува сè поактуелно, а сè почесто го поставуваат не само деловните корисници, туку и физичките лица чии мобилни уреди сè повеќе стануваат мета на најразлични сајбер-закани, небезбедни сајтови, вируси, веб-страници за кражба на лични податоци или малвер-софтвери.

Од сајбер-нападите не се изоставени големи компании и државни институции и, за жал, физичките лица, кои само со еден погрешен клик можат да станат жртва на сајбер-криминалци.

Иако одговорот секогаш го бараме кај ИТ-тимовите во компаниите, сепак, јасно е дека одговорноста тргнува од самите нас и свесноста колку сме информирани за тоа како да се заштитиме кога сме во светот на интернетот бидејќи опасностите на интернет се можни не само на лаптопи и PC компјутери, туку и на мобилните телефони, каде што, всушност, корисниците го поминуваат и најголемиот дел од времето поминато на интернет.

Ги користиме бенефитите на развиените европски земји, потврди нашето истражување на пазарот. А1 Македонија го нуди сервисот A1 Net Protect, кој обезбедува уникатна заштита од интернет закани за да ги задржи корисниците безбедни додека користат секакви уреди било да е тоа дома или во движење. Со ова, додека корисникот е поврзан на мобилната мрежа на А1, услугата автоматски ги детектира и блокира небезбедните веб-страници и апликации, при што испраќа известување за детектирана интернет закана.

Услугата обезбедува автоматска детекција на сајбер закани и штетни софтвери, а досега се покажува како успешна, за што говори последната статистика, која вели дека благодарение на Net Protect изминатиот месец биле блокирани дури 35 илјади поединечни штетни упади во мобилни уреди, од кои 80% се малвер-софтвери, додека останатите обиди се phishing обиди, botnets, и спам – страници.

A1 Net Protect функционира директно преку мобилната мрежа на А1 Македонија (и останати роаминг-партнери) и нема потреба за инсталација на никаква дополнителна апликација или софтвер.

Доколку корисникот инсталира или сака да пристапи до веб-страница која е опасна и може да содржи вируси или друг тип на малвер, A1 Net Protect го блокира пристапот и го известува корисникот дека апликацијата/веб-страницата може да му наштети.

А1 Net Protect во првиот месец на активација е достапен за 0 денари, а потоа чини 29 денари месечно, може да биде активирана преку СМС со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1.

Оваа услуга е дел од заложбата на А1 Македонија на своите корисници да им го обезбеди најдоброто корисничко искуство на најбрзата мрежа.

(Комерцијална објава)