УКЛО КОЛОРС Еразмус ден 2025 - посветен на нови можности

УКЛО КОЛОРС Еразмус ден 2025 - посветен на нови можности

На 15 октомври 2025 година Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ќе одржи УКЛО КОЛОРС Еразмус ден во ново руво. На овој посебен настан ќе биде претставен редизајн на промотивни материјали на УКЛО КОЛОРС Еразмус, како и два нови Еразмус бележници – достапни на македонски и на англиски јазик.

Најновата кампања и брендирање на УКЛО КОЛОРС Еразмус е убава можност за добредојде на студенти од различни земји од страна на студентите од УКЛО КОЛОРС и на универзитетот. Воведувањето на новите студенти за мобилност ќе го вршат искусни Еразмус студенти, стручен персонал и тимот на УКЛО КОЛОРС Алијансата.

Во рамките на настанот, гости од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе одржат Еуропас обука, во соработка со КРЕДО центарот на УКЛО.


Професорката Рената Петревска Нечкоска, институционален eразмус координатор на УКЛО и академска раководителка на УКЛО КОЛОРС, истакнува дека Е+ програмата како фундамент на меѓународната академска мобилност и соработка, вмрежување и партнерски напредок, е еден од главните двигатели за вклучување во европските и светските текови, како и за градење и позиционирање на нашиот Универзитет во интеринституционалните партнерства. УКЛО Еразмус, а како дел од тоа и УКЛО КОЛОРС, е обновливиот извор на енергија што ги води универзитетот и регионот напред. Функционираме во динамичен период во кој брзо се исцртува мапата на академските движења на студентите и кадрите на УКЛО, нивниот креативен потенцијал, но и стручната експертиза, како во академската така и во стручната сфера. И, како што знаеме да кажеме: сега е одличен период да се биде студент на УКЛО, а преку резултатите од УКЛО Еразмус активностите слободно можеме да укажеме дека  сега e одличен период да се биде и дојдовен Е+ студент и кадар на УКЛО како дел од КОЛОРС.

(Комерцијална објава)