Англиски зборови што не постојат во другите јазици

Англиски зборови што не постојат во другите јазици

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во англискиот јазик постојат многу зборови за кои нема соодветен еквивалент во другите јазици.

„Serendipity“ - верувале или не, „serendipity“ (најдобар превод на македонски би бил „среќна случајност“) бил создаден од ништо. Англискиот збор за Шри Ланка била „Серендип“, следејќи ја традицијата на измислување старо име за некоја далечна земја. Приказната од 1557 година наречена „Трите принцези на Серендип“ раскажува како девојките успевале да запаѓаат во неволја и успешно да се извлекуваат од неа со обична „среќна случајност“. Зборот влегол во англискиот јазик 200 години подоцна.

zbor

„Cheesy“ - многу други јазици (вклучувајќи го и нашиот) имаат зборови за „покриен со сирење“, но кога станува збор за зборот „cheesy“ во смисла на „лажен, измамнички и премногу се обидува“, не многу јазици имаат збор што би можел да биде еквивалент. Единствено германскиот збор „Kitsch“ се доближува.

„Gobbledygook“ - овој збор првпат влегол во англискиот речник во 1944 година од тексашкиот сенатор Мори Маверик, а во суштина значи јазик што е незначаен или е создаден од прекумерната употреба на технички термини.

„Facepalm“ - ова е еден од првите зборови што се појавија онлајн - првата регистрирана употреба на зборот доаѓа од 1996 година. Официјално беше додаден во речникот Меријам-Вебстер 20 години подоцна, во 2017 година, а го означува физичкиот гест кога некој си ја става раката на лицето и си ги покрива очите.

„Pimp“
- проституцијата се нарекува „најстарата професија“. Повеќето јазици имаат збор за „pimp“ (макро), но англискиот е различен затоа што тој е единствениот јазик што го користи овој збор како глагол и значи „фенси, светкав, модерен“.

„Spam“ - зборот значи прилив на несакана пошта што често ја добивате. Зборот всушност доаѓа од скеч во „Монти Пајтон“.

„Hillbilly“ - ова е збор за кој е голема веројатноста да нема еквивалент во голем број јазици бидејќи е географски врзан за одредено место на англискo говорно подрачје, a значи несофистицирана личност од селото, што се поврзува со далечните области на Апалачките Планини.