Реализирај ја твојата бизнис-идеја преку инкубаторската програма на Стартап клуб Скопје
Време е за нови стартап-бизниси на нашата сцена! - Стартап клуб Скопје, првиот централен македонски претприемачки хаб, го отвори вториот инкубаторски повик.
По спроведувањето на првиот инкубаторски повик #ИмамИдеја1 преку кој беше овозможено менторство на 12 бизнис-идеи, развој на 8 стартапи во почетна фаза и 3 инвестиции од домашни и странски инвеститори, тимот на Стартап клуб Скопје е мотивиран повторно да ја започне тримесечната инкубаторска програма.
Главен поддржувач на инкубаторската програма се Прокредит банка, која воедно е и годишен партнери на Стартап клуб Скопје. Преку оваа соработка Прокредит банка овозможува сигурен старт и поддршка за бизнисите во развој, не само преку нивните услуги и пакети, туку и преку менторство на бизнис-идеите кои ќе бидат дел од инкубаторската програма.
Инкубаторската програма овозможува поддршка во вредност од 10.000 евра која вклучува развој на бизнис-модел, стратегија за настапување на пазарот, правна и административна поддршка, стартап-финансирање, менторство при бизнис и маркетинг-стратегија, развој на MVP, користење заеднички канцелариски простор во рамките на Стартап клуб Скопје. Завршниот дел од програмата го вклучува настанот
„Демо ден“, каде што преку презентации пред избрани инвеститори, бизнис-ангели и компании, тимовите од програмата ќе имаат можност да стигнат до своите
први инвестиции.
Повикот е отворен до 20 ноември за тимови и индивидуалци кои имаат уникатна бизнис-идеја и се подготвени да ја реализираат во наредите 5 месеци, а својата апликација за учество можат да ја поднесат преку следниот формулар:
https://forms.gle/4DNhm5kQiAymWHoT7
Селекцијата за учество на инкубаторската програма ќе ја направи внимателно избрана комисија од ментори и инвеститори врз основа на критериуми како што се: степен на иновативност, капацитет на проектниот тим, потенцијал на пазарот и слично. Според овие критериуми, ќе се одберат 30 идеи кои ќе учествуваат на тридневен хакатон. За време на хакатонот, учесниците ќе имаат можност да се вмрежат и да развијат бизнис-модел кој ќе биде основа за финален влез во инкубаторската програма, која ќе вклучи вкупно 15 бизнис-идеи.
Со оваа програма Стартап клуб Скопје презема конкретни чекори кон остварување на својата главна цел: поддршка и развој на стартап-заедницата и севкупниот стартап-екосистем, преку обезбедување на потребните ресурси, обуки и знаење за младите претприемачи зголемувајќи ги можностите за успех на стартап-идеите во Македонија.
Пријавувањето за учество на Инкубаторската програма е отворено до
20 ноември 2024. Сите тековни информации за менторите и поддржувачите на програмата може да ги погледнете на официјалните профили на Стартап клуб Скопје,
фејсбук,
инстаграм и
линкедин.
Направете го првиот чекор кон градење сопствен бизнис и аплицирајте за учество на #ИмамИдеја2:
https://forms.gle/4DNhm5kQiAymWHoT7 !
(Комерцијална објава)