Универзитетот „Јејл“ воведува предавање за Бијонсе - студентите ќе учат за нејзиното влијание
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Со рекорден број номинации за „Греми“, Бијонсе е еден од највлијателните уметници во музичката историја, па токму затоа следната година ќе биде предмет на нов курс на Универзитетот „Јејл“.
Според странските медиуми, курсот насловен „Бијонсе прави историја: традиција, култура, теорија и политика на црните радикали преку музика“ ќе се фокусира на периодот од нејзиниот албум „Бијонсе“ од 2013 година до годинешниот албум „Каубој Картер“.
Новиот албум минатата недела доби 11 номинации за „Греми“, откако беше отфрлен на наградите на кантри музичката асоцијација.
Номинациите за „Греми“ ја направија 43-годишната пејачка најноминирана греми-пејачка на сите времиња, со вкупно 99 номинации.
Според описот на модулот, на курсот ќе се предава и за Бијонсе како пејачка, но и како претприемач кој се занимава со општествени и политички идеологии.
Професорката Дафне Брукс од „Јејл“ има намера да го искористи репертоарот на Бијонсе како „портал“ за студентите да учат за афроамериканските интелектуалци.
- Ќе ги сфатиме сериозно начините на кои критичката работа, интелектуалната работа на некои од нашите најголеми мислители во американската култура резонираат со музиката на Бијонсе и размислуваме за начините на кои можеме да ја примениме филозофијата на нејзината работа - рече Брукс.
Инаку, Бијонсе не е првата изведувачка која е предмет на универзитетски курсеви. Низ годините имаше предавања за кантавторот Боб Дилан, а неколку колеџи и универзитети понудија предавања за Лејди Гага и Тејлор Свифт.
Извор:
Klix.ba
Фото: Screenshot/YouTUbe