Ако сакаме, можеме да го промениме мозокот!

Ако сакаме, можеме да го промениме мозокот!

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Човечкиот мозок е неверојатен. Тој може да ни помогне да го достигнеме кој било врв, да ги реализираме нашите соништа и да ја постигнеме најтешката цел. Сепак, ако го сакаме сето ова, прво треба да ги разбереме главните принципи на кои работи нашиот мозок.

1. За нашиот мозок, не постои граница меѓу реалноста и имагинацијата

Човечкиот мозок реагира на секоја мисла и не може да прави разлика од фактот и фантазијата. Затоа луѓето што сакаат да гледаат во светот низ розови очила се чувствуваат посреќно и затоа нашето тело прифаќа плацебо како да е вистински фармацевтски производ.

2. Менталната работа не го заморува нашиот мозок

Чувството на замор на мозокот доаѓа како резултат на нашите емоции. Составот на крвта што тече низ нашиот мозок за време на неговата активна работа не се менува. Но, крвта од вените на човекот што работел цел ден значително се менува.

mozok
Фото: Getty Images


3. Најчесто мозокот работи автоматски

Повеќе од половина од нашите дневни мисли се нашите мисли од вчера. Затоа е толку тешко за песимистите да го променат начинот на кој го гледаат светот. Тие буквално треба да го „исчистат“ нивниот мозок и да го натераат редовно да реагира на позитивни работи.

4. Го гледаме она за кое размислуваме


Кои било мисли се претвораат во наше животно искуство. На пример, ако сонувате за патување во Рим, ќе забележувате работи низ вашиот град што ќе ве потсетуваат на патувањето. Ако сакате да промените нешто во светот, прво променете го начинот на кој размислувате.

5. Исто како и мускулите, и на мозокот му треба тренинг


Мозокот не се разликува од другите мускули, и нему му е потребен тренинг. Учењето, вежбите на свеж воздух, здравата исхрана, добриот сон, патувањата, новите хобија, фаќањето белешки, танцувањето и свирењето музика се корисни за нашиот мозок.

6. Мозокот никогаш не се одмара


Дури и кога спиеме, нашиот мозок продолжува да работи напорно. Неговата активност во текот на ноќта е повисока отколку во текот на денот.

7. Исклучувањето одвреме-навреме е суштинско


Ако не сакаме да се удавиме во негативни мисли, мора да се исклучиме за да му дадеме пауза на имунолошкиот систем. Активниот одмор е најкорисен вид релаксација за нашиот мозок.

8. Добро е што забораваме, на тој начин ја одржуваме флексибилноста на нашиот нервен систем


За да „зачуваме“ нови спомени, на нашиот мозок му е потребно да се ослободи од старите. Би било одлично кога би можеле да одлучиме што да запомниме, а што да заборавиме.

9. Мозокот не чувствува болка


Нашиот мозок реагира на болка, но не ја чувствува бидејќи му недостигаат неопходните рецептори. Сепак, ова не важи за неколку крвни садови, нерви и ткива што го опкружуваат мозокот.

10. Ако сакаме, можеме да го промениме нашиот мозок


Каква било активност предизвикува мозокот да генерира нови неутрални мрежи. Со тоа, ако мислиме дека не можеме да постигнеме унапредување, оваа идеја ќе се зајакне во нашата потсвест со текот на времето. Но, ако веруваме дека ќе успееме, нашиот мозок ќе ни даде можност да ја реализираме нашата цел.