„А1 Македонија“ го најавува A1 Game Fest 2019 - најголемиот гејминг-настан за оваа година

„А1 Македонија“ го најавува A1 Game Fest 2019 - најголемиот гејминг-настан за оваа година

„А1 Македонија“ со гордост го најавува A1 Game Fest 2019, најголемиот гејминг-настан за оваа година што ќе се одржува во наредните два дена, 14 и 15 декември, овој пат во просторот на киното Cineplexx во Skopje City Mall. Влезот е бесплатен.

На оваа уникатна и најголема викенд-забава за сите гејмери, косплеери, гикови, фанови, јутЈубери, кастери и сите ШТО уживаат во најважната - споредна работа на светот – игрите, натпреварувачите ќе ги одмерат силите во CS:GO, DOTA 2, Hearthstone, Cosplay, Fortnite, Tekken 7, Fifa20, Clash Royale. Наградниот фонд годинава е дури четирипати повисок од минатата година, во висина од околу 10.000 евра.

Оваа година нема да изостане ниту Cosplay натпреварот во маскирање, а сите пасионирани играчи на игрите од минатото ќе можат да го споделат своетo знаење во Ретро-корнерот. Како и минатата година, ќе се игра непречено на супербрз и стабилен интернет на А1, сите натпревари ќе бидат проследени со коментатори за секоја игра посебно, а стримани на LIVE фидот на фејсбук-страницата на A1 и Twitch каналот на GG.MK.

Нема да изостанат награди и за посетителите на настанот.

„А1 Македонија“ е постојано во чекор со времето и актуелностите на светската телекомуникациска сцена која го инкорпорира гејмингот како дел од поп-културата, а гејминг-заедницата во земјата незапирливо расте. A1 Game Fest е уште еден придонес на компанијата кон негување на оваа култура со идеја истата да ја поддржува и унапредува.