Неверојатни 3Д-мурали со скриени пораки

Неверојатни 3Д-мурали со скриени пораки

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Подови, ѕидови, тавани и покриви, овој холандски уметник може да трансформира сè во 3Д- уметничко дело што ќе ве поттикне да размислувате.

Леон Кир специјализирал за анаморфна 3Д-улична уметност, што значи дека искривен цртеж, гледан од одреден агол, изгледа како 3Д-слика. Покрај впечатливиот 3Д-ефект преку неговата уметност, Леон исто така се занимава со проблеми како грижата за животната средина, социјалната нееднаквост и животната состојба на овој свет.

- Ако гледачите се забавуваат со уметноста и се обидуваат да го најдат совршениот агол за да бидат сведоци на тој 3Д-ефект, тоа е одлично. Но, ако тие исто така можат да ја откријат скриената порака, тоа е бонус - сподели Леон.


Извор: Bored Panda
Фото: Instagram