„Човечулец“ на Прокопиев, „Храпешко“ на Лафазановски и „Неверство“ на Трајкоски – издадени на албански јазик

„Човечулец“ на Прокопиев, „Храпешко“ на Лафазановски и „Неверство“ на Трајкоски – издадени на албански јазик

Деновиве излегоа од печат преводите на албански јазик на книгите „Човечулец“ на Александар Прокопиев и „Храпешко“ на Ермис Лафазановски. Преводите се во издание на реномираната албанска издавачка куќа „Фан Ноли“ од Тирана. Книгата „Човечулец: Бајки од левиот џеб“ оригинално е издадена од „Магор“ во 2011 година, а во 2012 година ја доби книжевната награда „Балканика“. Преводот на албански го направи Џими Лазри.
„Човечулец“ е веќе објавена на: англиски, српски, полски, турски, хрватски, арапски јазик и др.

„Храпешко“ на Ермис Лафазановски беше претставник на Македонија за наградата „Балканика“ во 2006 година, а веќе е преведена на хрватски, словенечки, српски и на француски јазик. Преводот на албански го направи Џемиле Зукај.

Минатата година во издание на „Фан Ноли“ излезе и романот „Неверство“ на Дејан Трајкоски. Вториот роман на Трајкоски е објавен во 2014 година, а досега е преведен на англиски, ерменски, арапски јазик, српски и на бугарски јазик.