Голем астероид ќе помине покрај Земјата следната седмица

Голем астероид ќе помине покрај Земјата следната седмица

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Астероид за кој се проценува дека е широк еден километар ќе помине покрај Земјата на 18 јануари. Тој ќе помине на оддалеченост од 1,9 милион километри од нашата планета со брзина од 76.200 километри на час, пренесува Си-ен-ен.

Астероидот е познат како 7482 (1994 ПЦ1) и бил откриен во 1994 година. Никој не очекува астероидот да удри во Земјата, но ова е најблиското поминување покрај нас за следните два века, според процени на американската вселенска агенција НАСА.

Астероидот ќе помине покрај Земјата на 18 јануари во 22:51 часот по средноевропско време.

Ова нема да биде најголемиот астероид што поминал покрај Земјата. Тој нема да биде видлив со голо око, но ќе може да се види со мал телескоп. Во 2017, астероид широк од 4 до 9 километри поминал покрај Земјата.

Извор: CNN
Фото: Pixabay