Научниците открија планета што нема облик на сфера

Научниците открија планета што нема облик на сфера

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Се чини дека не се сите планети во облик на сфера како Земјата. Европската вселенска агенција открила планета во облик на топка за рагби во соѕвездието Херкул.

Научниците претпоставуваат дека планетата е деформирана поради силни брановидни сили предизвикани од нејзината ѕвезда, која се наоѓа блиску до неа. Сепак, ова е првпат научниците да забележат ваков деформитет кај егзопланета.


Фото: ESA

Откритието било направено со вселенскиот телескоп „Кеопс“, а биле искористени и податоци собрани со телескопите „Хабл“ и „Спицер“.

Научниците се надеваат дека подобро ќе ја разберат внатрешната структура на планетата.

Извор: Futurism
Фото: ESA