Се тестираат гуми без воздух на роботи за достава

Се тестираат гуми без воздух на роботи за достава

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Еден од најголемите светски произведувачи на гуми - „Гудиар“ активно работи на замена на гумите без одржување и без воздух.

Минатата година „Гудиар“, како дел од својот фонд за ризичен капитал „Гудиар венчрс“, инвестира во „Старшип технолоџис“, која гради и управува мрежа на автономни роботи за испорака на храна, прехранбени производи и пакети. Соработката вреди 17 милиони долари, а „Гудиар“ сега ќе ја тестира својата втора иновација како дел од неа - гуми без воздух (непневматски гуми, или скратено NPT).

Веќе го видовме ова решение на „Гудиар“ при ограничено тестирање, на пример, на автономни возила за време на редовните градски возења во Џексонвил, Флорида. Проектот за соработка со „Старшип“ е од поинаков карактер. Имено, пневматиците без воздух наскоро би требало да се применат на повеќе од илјада нивни роботи за испорака.

гуми

Успешно тестирање


Првиот тест се изведува на роботи кои се движат низ кампусот на државниот универзитет „Боулинг Грин“. Роботите користат специјални гуми дизајнирани да имаат што е можно подолг работен век, при што ќе имаат минимални потреби за одржување. Раните податоци од овој тест во реални услови покажуваат дека перформансите на пневматиците се задоволителни во однос на абењето на шарите, но и дека тие добро функционираат при сопирање и кога треба да се намалат вибрациите што се пренесуваат на возилото.

Овие роботи извршуваат илјадници испораки секој ден, така што гумите NPT се идеални за нив - тие не бараат одржување, долготрајни се и сигурни, со што сопствениците заштедуваат пари.

Но, во случај да се надевате дека наскоро ќе можете да монтирате слично решение на вашиот автомобил, мораме да ве разочараме. „Гудиар“ наведува дека овој тест на гуми без воздух е само уште еден чекор кон нивната долгорочна цел - да се претстават автомобилски гуми направени од 100 отсто одржливи материјали и без потреба од одржување, што се очекува околу 2030 година.


Извор: Autonet.hr
Фото: Autonet