УКЛО КОЛОРС – вредности што се живеат: Кон Меѓународната студентска конференција - мост за наука и промени

УКЛО КОЛОРС – вредности што се живеат: Кон Меѓународната студентска конференција - мост за наука и промени

Меѓу успешните настани што Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола ги вбројува во резимето од календарската година што измина несомнено е Годишната меѓународна студентска конференција.

Активноста се издвојува бидејќи претставува своевидна платформа за идеи, истражувања и идни визии. Најновото издание на Конференцијата, која последните две години има интернационална димензија благодарение на вклученоста на УКЛО во Алијансата КОЛОРС, обедини 25 студенти, 15 ментори и 16 научни и стручни трудови, со вклучување и на претседателот на КОЛОРС студентите, воедно заменик-претседател на Алијансата, Пјерџорџо Мацоти, кој со неговата колешка од УКЛО КОЛОРС, Ева Нешкоска, ја понесоа улогата и на мотивациски говорници.

1

Преку различни дисциплини и пристапи, студентите ја покажа својата авангардност со пристапот кон значајни теми поврзани со современи општествени предизвици. Презентирани се трудови од областа на образованието, медицинските и ветеринарните науки, правото, безбедноста, ИКТ и хуманистичките науки. Студентските истражувања поттикнаа и суштински дискусии, размена на мислења, искуства и промовирање нови перспективи. Од УКЛО се нагласува дека меѓународната студентската научна конференција претставува значаен настан за Универзитетот, на кој најдобрите студенти ги презентираат своите самостојно изработени научни трудови под менторство на професори, кои потоа се објавуваат во единствениот македонски студентски магазин „Нови хоризонти“, најуспешните трудови ќе се наградат и парично. Воедно, настанот обезбедува значајна улога за студентите и во иднина, особено поради неговиот придонес кон унапредувањето на истражувачките вештини, критичкото размислување, како и личниот и професионалниот развој на студентите.

Според академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, проф. д-р Рената Петревска Нечкоска, со влегувањето на УКЛО во Алијансата КОЛОРС, студентската конференција доби интернационален карактер, обединувајќи ентузијазам, енергија и научен квалитет во заедничка мисија за студентите. Овие соработки создаваат стабилен и прогресивен тек на иницијативи што носат долгорочна вредност и нови можности.

3

- Со влегувањето на УКЛО во Алијансата КОЛОРС, Студентската конференција ја направивме интернационална, како и неколку други такви здрави иницијативи, убави работи за студентите кои веднаш ги надоврзавме и ги покажавме и во Алијансата, со што се гордееме. Продолжуваме и понатаму со ова и со други жаришта агрегатни на дејствување за студентите. Соработките што веќе постоеле, едноставно само ги испреплетуваме, и на она убавото, вистинското, научното, му наоѓаме место да се аплицира. Сфаќаме дека сите на различни начини одиме кон истиот пат. Комбинацијата и со NanoBioTech Nexus, со KOLORS, со студентскиот центар за претприемништво, со сите работи што ги имаме, се слива на коритото на еден убав тек за студентите.

3

Онa што е духот на оваа конференција мислам дека е очигледен за сите присутни - ентузиjазaм, енергија, компетенција, квалитет. Прекрасно е да се биде сведок на сето тоа. И како што кажуваме - сите сме заедно во ист тек, во ист правец, со иста мисија. Мислам дека сето тоа стабилно го тераме. Можеби ова е само наш дел во историјата, наш дел во времето да го доживуваме ова, меѓутоа, навистина е прогресивно, навистина е убаво сето она што се случува, благодарение на трудот, на нашите корени и крилја, сето она што го правеле пред нас, заедно со нас и продолжуваме и понатаму. Продолжуваме со другите активности, како традиција на студентската конференција и со другите активности за студентите во рамките на нашето УКЛО.

Новина на Конференцијата, најавена од директорката на КРЕДО Центарот, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, е дека за одредени трудови ќе биде овозможена менторска програма за студентот, по моделот студент – професор-ментор – индустрија (алумни-ментор).

5

Конференцијата доби дополнителна димензија со предавањето на проф. д-р Љупчо Кеверески, со истакнување на важноста на ваков вид настани како простор за личен и професионален раст, препознавање на потенцијалот и насочување кон извонредност. Овој сегмент ја потврдува определбата на Универзитетот и КРЕДО Центарот за поддршката на надарените и талентирани студенти, како составен дел од академскиот развој.

Меѓународниот студентски настан на УКЛО уште еднаш ја потврди интернационалната димензија што се остварува преку Алијансата КОЛОРС, посветеноста на студентската заедница како креатор на знаење, истражувања и промени, како и улогата на КОЛОРС како своевиден мост за развој и поврзување на студентската наука.

(Комерцијална објава)