Како биле создавани песните на „Битлси“ - од рани демо-снимки до финални

Како биле создавани песните на „Битлси“ - од рани демо-снимки до финални

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Многумина од нас можат самоуверено да тврдат дека ги знаат речиси сите песни на „Битлси“. И тоа во голема мера може да биде точно бидејќи нивните песни се навистина популарни.

Музичарот и јутјубер Дејвид Бенет си поставил цел да ги проучи песните на овој култен бенд и тоа сакал да го сподели со јавноста. Во секое видео од неговата серија тој анализира само една песна – на пример „Help!“, „Here Comes the Sun“, „Penny Lane“ и така натаму. Тој ги проучува до детали, и тоа демо-снимките и необјавените снимки снимени во студио.

Овој процес може да открие многу за процесот на создавање на песните на „Битлси“, како што објаснува Бенет во видеото. Во текот на дваесет минути тој опфаќа единаесет песни.

На пример, „Yellow Submarine“, чии рани снимки се разликуваат и лирски и мелодиски и во однос на временскиот потпис од верзијата што сите ја знаеме.

Ваквите сознанија се резултат на внимателно и длабоко слушање на делата на „Битлси“. И одредени песни се покажуваат како посебни светови: „Strawberry Fields Forever“, на пример, е составена од две сосема различни снимки, а потоа приспособена по темпо и висина за да се совпадне во средината. Една од тие снимки го вклучува гласот на продуцентот Џорџ Мартин како брои во оркестарот, чиј тон сугерира дека неговите членови првично свиреле во различен клуч од оној што го слушаме и знаеме.

Извор: openculture.com

Фото: YouTube screenshot