СЗО: 94 милиони луѓе имаат потреба од операција на катаракта, но немаат пристап до третманот

СЗО: 94 милиони луѓе имаат потреба од операција на катаракта, но немаат пристап до третманот

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Повеќе од 94 милиони луѓе страдаат од катаракта, но половина од нив немаат пристап до операцијата која е потребна за нејзино решавање, соопштуваат од Светската здравствена организација.

Катарактата (заматување на очната леќа што предизвикува заматен вид и може да доведе до слепило) е во пораст како што населението старее, а возраста е главен ризик-фактор.

- Операцијата на катаракта е едноставна, 15-минутна процедура и обезбедува моментално и трајно враќање на видот - соопштуваат од СЗО.

Тоа е една од најчесто изведуваните операции што во земјите со високи приходи.

- Половина од светската популација на која ѝ е потребна операција на катаракта нема пристап до процедурата - вели Стјуарт Кил, технички раководител на здравствената агенција на ОН за нега на очите.

Ситуацијата е најлоша во Африка, каде што три од четири лица на кои им е потребна операција на катаракта остануваат нетретирани. Во Кенија, со сегашната стапка, 77 % од луѓето на кои им е потребна операција за катаракта веројатно ќе умрат поради слепило или оштетување на видот, информира Кил.

Низ сите региони, жените имаат помал пристап до здравствена заштита од мажите. Од 94 милиони засегнати, помалку од 20 % се слепи, додека другите страдаат од оштетен вид.

Видот до 2030 година

СЗО соопшти дека во текот на изминатите две децении глобалната покриеност со операција на катаракта се зголемила за 15 %. Во 2021 година земјите членки на СЗО поставија цел за зголемување до 30 % до 2030 година. Сепак, сегашните предвидувања се дека покриеноста со операција на катаракта ќе се зголеми а околу 8,4 % оваа деценија.

За да се затвори јазот, СЗО ги повикува земјите да ги вклучат очните прегледи во примарната здравствена заштита и да инвестираат во потребната хируршка опрема, како и да го прошират бројот на очни доктори и хирурзи.

СЗО објави и нови упатства за земјите за тоа како да обезбедат квалитетни услуги за операција на катаракта. Исто така, ќе издаде упатства за да помогне во зголемувањето на бројот на очни доктори. 

Иако возраста е примарен ризик-фактор за катаракта, други фактори се изложување на УВ-Б светлина, употреба на тутун, продолжена употреба на кортикостероиди и дијабетес. Кил ги повикува луѓето редовно да одат на прегледи на очите, при што повеќето проблеми можат да се спречат.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik