Како течеше нападот врз Сирија - „Ова е силна порака до Асад!“

Како течеше нападот врз Сирија - „Ова е силна порака до Асад!“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Американските, француските и британските сили, во текот на ноќта, изведоа напад врз Сирија.

напад
Фото: АР

Нападот не траел долго - погодени се три цели, вклучувајќи го и истражувачкиот центар во близина на Дамаск, и две цели во Хомс.

Министерот за одбрана на Америка, Џејмс Матрис, изјави дека нападот бил планиран за да ги уништи фабриките за производство на хемиско оружје, но не да предизвика непотребни цивилни жртви.

Матис изјави дека станува збор за краткотрајна операција. Тој верува дека е испратена силна порака кон сирискиот режим.

Нападот започнал со објавата на американскиот претседател, Доналд Трамп.

„Очигледно Асад минатата година не ја сфатил пораката. Сега, заедно со сојузникот Велика Британија, ќе удриме посилно“, изјави Трамп.

„Им наредив на американските воени сили да започнат прецизни напади на цели поврзани со хемиското оружје на сирискиот диктатор Башар ал-Асад“, додаде тој.

Кратко време после изјавата на Трамп, премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, соопштила дека им одобрила на британските воени сили да извршат напади за да го деградираат режимот на Асад и неговата способност за употреба на хемиско оружје.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека црвената линија што Франција ја поставила во 2017 година, била премината и затоа ги одобрил нападите.

Сириските медиуми за воздушните напади велат дека се кршење на меѓународното право. Генералниот секретар на НАТо, Јенс Столтенберг ја поддржа воената акција на Америка, Франција и Британија, а во соопштението навел дека воздушните напади ќе ја намалат способноста на сирискиот режим да ги продолжи нападите на сирискиот народ со хемиско оружје.

Сириските власти изјавиле дека добиле предупредување од Русија, и дека околу третина од 30-те упатени проектили, биле соборени.

„Ги апсорбиравме нападите. Имавме навремено предупредување од Русија, така што сите воени бази беа евакуирани пред неколку дена“.

Според првите информации од Дамаск, тројца цивили биле повредени.

Министерството за одбрана на Русија наведе дека ниту една ракета не отишла во зоната која ја контролираат руските против-воздушни системи.

sirija
Фото: АР

Во Дамаск, утрово се одржуваат простети на кои собраните демонстранти носат сириски, ирански и руски знамиња.