Покачувањето на температурата во последните 140 години претставено во видео

Покачувањето на температурата во последните 140 години претставено во видео

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Климатските промени и науката за климата се огромни области на науката со премногу податоци и информации кои може да биде тешко да се разгледаат, особено поради тоа што прашањето стана политичко во многу делови од светот. Ова брилијантно видео на НАСА ја покажува историјата на температурите на површината на Земјата откако тие почнаа да се снимаат, во 1880 година, до денес.


Снимка: Interesting Engineering

За само 36 секунди може да се види постојан пораст на температурите, за кој научниците велат дека е поврзан со нашата употреба на фосилни горива. Податоците се собрани од огромна мрежа од 6.300 метеоролошки и истражувачки станици од целиот свет. Приказот на НАСА е еден од трите поголеми прикази на податоците за температурата и сите три се согласуваат во податоците што ги претставуваат.

НАСА опишува како се анализираат температурите за да се создаде визуелен приказ.

- Овие необработени мерења се анализираат со користење алгоритам кој ги зема предвид различните растојанија на температурни станици низ целиот свет и урбаните ефекти на загревање, кои можат да ги искриват заклучоците. Овие пресметки даваат глобални просечни температурни отстапувања од основниот период од 1951 до 1980 година - истакнаа оттаму.

Фото: Screenshot/YouTube