Нови серии што ќе ни го задржат вниманието оваа пролет

Нови серии што ќе ни го задржат вниманието оваа пролет

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Се чини дека 2021 година почна полека, па сè уште чекаме вистински телевизиски хитови што навистина ќе нè воодушеват.

Во текот на наредниот месец премиера ќе доживеат три нови серии што сигурно ќе нè задржат пред малите екрани.

„Мер од Исттаун“



Уште од „Вистински детективи“, Ејч-би-о нè научи на вакви серии. Во преден план се големите филмски ѕвезди, претежно со некоја голема награда в џеб или барем номинација, кои главно глумат полицајци, детективи и агенти што се во некој хаос, фатени меѓу нивните зависности, лош избор во животот и новиот случај што треба да се реши. Мери од Исттаун се вклопува во сите горенаведени. Кејт Винслет ја глуми главната актерка Мер, полицајка од мал град која е разведена и на работ на депресија.

Таа го одгледува внукот бидејќи нејзиниот син извршил самоубиство. Она што прави да се разликува од другите серии блиски до жанрот е тоа што никој не ја сака и не ја цени Мер, и сите тоа сакаат да им го кажат и да им го покажат. Дали тоа е заслужено или Мер е само несфатена, е нешто што ќе го откриваме во текот на епизодите, кога и ќе откриеме кој ја убил девојката од соседството, која чува некоја тајна. Кејт Винслет глуми супер и одлично го гради нејзиниот лик на (не)сакана полицајка, но како и со некои претходни слични серии („Остри предмети“, „Вистински детектив“, „Слом“...) сè зависи од самата приказна, заплетот и расплетот.

„Невозможно“



Во момент кога сите очи се насочени кон „Лига на правдата на Зек Снајдер“, Џош Ведон, човекот кој ја имаше таа неблагодарна задача да ја заврши првата, омразена верзија на тој суперхеројски спектакл, се појавува со нова серија. „Невозможно“ е приказна за суперхероите во викторијанската ера кои ги добиле нивните суперсили кога НЛО поминало во Лондон во 19 век и со себе донело необична енергија.

Жените, на различна возраст, професија и класа ги добиле своите суперсили, што секако мажите го толкуваат тоа како клетва и најмногу би сакале да ги соберат во работен логор. Низ серијата се наметнуваат метафори за еманципација и местото на жените во општеството.

„Создадени за љубов“



Претставена како сосем различен поглед во светот на романтичните комедии, оваа приказна ниту е романтична ниту е комедија. Во центарот на случувањата е Кристин Милиоти, односно нејзиниот лик Хејзел, која бега од сопругот и нивниот заеднички живот во коцка што личи на виртуелна реалност во која може да имате сѐ што ќе посакате. Хазел бега и се враќа кај нејзиниот татко и се обидува да се одмазди за години живот под стаклено ѕвоно што никогаш не ги сакала.

Извор: Noizz.rs
Фото: Screenshot/YouTube